Влада: Да се донираат средства за обнова и реконструкција на ГТЦ „Глобал” – Струмица

 Владата денеска на 40-та седница ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Глобал” – Струмица.

Како што информира владината прес-служба, Владата донесе заклучок да им препорача на органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и на приватниот сектор, во рамки на своите финансиски можности да донираат средства на Здружението на граѓани „Обнова на Глобал” – Струмица со цел обновување и реконструкција на опожарениот објект на ГТЦ „Глобал” – Струмица.

И Здружението на граѓани „Обнова Глобал” – Струмица ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица и здруженија, државни институции и органи и единици на локалната самоуправа, согласно своите финансиски и материјални можности да донираат во санирањето на последиците, обновата и реконструкцијата на ГТЦ „Глобал” Струмица што беше опожарен на 2 јануари годинава.

Како што се наведува во соопштението на здружението, паричните средства што ќе бидат донирани да се уплатат на следната жиро сметка – 270074779880184 депонент на ХАЛК Банка АД Скопје.

„Паричните средства ќе бидат наменети за санирање на последиците и за што поскоро пуштање во употреба на ГТЦ „Глобал” – Струмица, а со самото тоа и овозможување на повторна егзистенција на стотици граѓани од Струмица и од другите соседни општини“, стои во соопштението на здружението на граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот