ВЛАДА: 40.000 земјоделци следната недела ќе добијат авансна исплата на 30 % од субвенциите

Слики од фејсбук на земјоделци

40.000 земјоделци следната недела ќе добијат авансна исплата на субвенциите одлучи Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница на која донесе измени и дополнувања на програми и уредби, со коишто ова им се овозможува на земјоделците во државава.

Сите 40.000 земјоделци кои се стекнале со право за субвенции, ќе добијат авансна исплата на 30 проценти од субвенциите, во текот на следната недела.

Владата даде поддршка и да се продолжи рокот за аплицирање во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, за дополнителните 70 проценти од субвенциите, што според новиот модел на субвенции, се поврзани со пријавување на количината на производство, од страна на земјоделците.

Рокот за пријавување до 25 декември, е продолжен до 30 декември. Според пријавеното производство на количините, на почетокот на годината ќе се направат пресметките за доисплатата на субвенциите, на земјоделците на кои им следуваат.

Согласно денеска донесените владини одлуки, авансна исплата од 30 проценти на субвенциите ќе добијат и лозарите, нешто што не се случило никогаш досега. Се овозможи со воведениот нов модел за субвенции, да има навремена поддршка на лозовите насади, тогаш кога им е најпотребна на лозарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот