Вкусен, здрав и лесен намаз од сусам: Моќен лек што спречува хипертензија и го намалува холестеролот!

Profimedia
Сусам / Фото: Профимедиа

Смесата подготвена од сусам е многу лековита храна, која освен што можете да ја мачкате на леб и да се најадете, можете да ја додадете и во голем број јадења и на тој начин значително да им го подобрите вкусот.

Првите рецепти за подготовка на смеса од сусам се пронајдени во стари арапски книги за готвење, кои датираат од 13 век. Од арапските земји, оваа храна се проширила и во Индија, Кореја и во Јапонија, а од нив насекаде во светот.

Смесата од сусам е здрава бидејќи во својот состав содржи голем број есенцијални витамини, минерали и аминокиселини.

Подготовката е многу едноставна

За смесата од сусам ви требаат следните состојки:

  • 100 грама сусам
  • 100 милилитри вода
  • 1 лажица сок од лимон
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажица сусамово масло
  • малку црн бибер
  • сол по вкус

Во блендер ставете ги сите состојки и пуштете го на најголема брзина. Кога ќе забележите дека смесата е изедначена, додајте ја и водата па уште малку матете.

Треба да добиете производ што многу наликува на паштета, но се разбира е исклучително здрав и се препорачува да се јаде многу често.

За да добиете поубав вкус, пред да почнете со миксирање на сусамот, можете малку и да го потпечете. Тогаш намазот што ќе го добиете, ќе биде многу вкусен.

Фото: Профимедиа

Смесата од сусам задолжително чувајте ја во фрижидер, а кога ќе ја потрошите, подгответе нова.

Го нормализира крвниот притисок

Сусамот содржи антиоксиданти и калиум, кои помагаат во подобрувањето на липидниот профил, а со самото се нормализира крвниот притисок.

Досега многупати се покажало дека сусамот помага и во намалувањето на холестеролот и на триглицеридите во крвта и „ги држи под контрола“ сѐ додека редовно го консумирате. Оваа лековита моќ на сусамот е затоа што во неговиот состав има бета-ситостерол, кој има моќ да ги чисти и да ги зајакнува крвните садови.

Ја контролира телесната тежина

Поради присуството на здрави масти, смесата од сусам е одличен сојузник во намалување на килограмите, но и во контролирање на постигнатата посакувана телесна тежина. Во неговиот состав е концентрирана поголема количина протеини, кои кога ќе ги внесете во организмот, ќе ви дадат чувство на ситост и тоа подолг временски период. Токму поради тоа ќе почнете помалку да јадете, а како неминовна последица на намалениот внес на храна е гарантираното намалување на килограмите.

Ја подобрува работата на мозокот

Поради присуството на манган, калиум и омега-3 масни киселини, со редовно јадење сусам се забрзува развојот на нервните ткива, а со тоа се подобрува и помнењето и концентрацијата. Затоа, доколку ви претстои некоја работа или учење што бара силна концентрација, барем 10 дена пред да почнете со тоа, редовно јадете сусам, независно дали едноставно ќе го намачкате на леб, или пак, ќе го додадете во некое јадење.

Одлична храна за жените во менопауза

Благодарение на природниот фитоестроген што се наоѓа во сусамот, жените во менопауза многу полесно ќе го „поминат“ овој период во животот доколку ја јадат оваа смеса. Сусамот ги намалува симптомите на менопаузата, но и ги регулира хормоните. Затоа, треба да го јаде секоја жена бидејќи, меѓу другото, помага и во намалување на можноста за појава на рак на дојка или на рак на матката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот