„Визер“ времено ги запре летовите кон земјите од Блискиот Исток
Поради тековната безбедносна ситуација во регионот, летовите до и од Саудиска Арабија се суспендирани до 7 март, соопшти авиокомпанијата „Визер“.
Препорачано
„Континуирано ги следиме случувањата и сме во постојан контакт со локалните и меѓународните власти, агенциите за безбедност во воздухопловството и другите релевантни институции. Како што се развива ситуацијата, можно е да бидат донесени дополнителни оперативни одлуки и да дојде до измени во распоредот на летови“, се наведува во соопштението.
Од авиокомпанијата додаваат дека патниците ќе бидат навремено информирани за сите очекувани промени. Патниците кои ги резервирале своите билети преку трети страни треба директно да се обратат до агенциите или платформите преку кои ја извршиле резервацијата.
„Безбедноста и сигурноста на нашите патници, екипажот и воздухопловите останува наш највисок приоритет. Свесни сме дека ова може да предизвика одредени нарушувања во патувањата“, наведуваат од „Визер“.
Исто така, претходно беше најавено дека летовите до и од Израел, Дубаи, Абу Даби и Аман остануваат суспендирани до 7 март.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
34сек
-
32мин
-
34мин
-
55мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


