Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Виткоф и Кушнер денес се среќаваат со Умеров

Американскиот специјален претставник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, ќе се сретнат со главниот преговарач на Украина, Рустам Умеров, за да продолжат разговорите за завршување на војната во Украина, откако Виткоф и Кушнер се сретнаа со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, објави Асошиејтед Прес, повикувајќи се на висок функционер од администрацијата на Трамп.

Виткоф и Кушнер во вторник одржаа петчасовен состанок со Путин во Кремљ, за време на кој разговараа за мировниот план предложен од Вашингтон.

Двајцата го информираа Трамп за состанокот порано денес, по што Трамп рече дека разговорите во Москва поминале „разумно добро“, но дека „останува да се види што ќе се случи следно“.

„Не можам да ви кажам што ќе произлезе од тој состанок, бидејќи се потребни двајца за танго“, рече Трамп.

Американскиот претседател рече дека „Путин сака војната да заврши“.

На 30 ноември во САД се одржа состанок меѓу украинската и американската делегација во врска со планот за воспоставување мир во Украина, објави Танјуг.

Претходните преговори се одржаа на 23 ноември во Женева со учество на европски претставници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот