Високите цени на кафето во Албанија ја намалија потрошувачката

Кафе баровите во Албанија веќе со години наназад го заземаат главното место како едни од најважните општествени, културни и забавни институции, Но, високите цени на кафето ја намалијапотрошувачката. Според податоците на Министерството за финансии и економија на почетокот на годинава увозот на кафе за месец јануари е намален за 30 отсто во однос на јануари минатата година. На почетокот на годинава увезени се 534 тони кафе, што е најниска количина од 2019 година.

Во однос на просечниот увоз на кафе за месец јануари во последните 4 години (2019-2022), намалувањето е 20%. Намалувањето на увозот на кафе почна минатата година. Севкупно, увозот на кафе за 2022 година е намален за 14% во однос на 2021 година.

Од Здружението на кафеани и ресторани тврдат дека на падот на увозот влијаело зголемените цени на кафето, при што многу оператори направиле залихи во декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот