Вишото јавно обвинителство бара укинување на првостепената пресуда за „Талир 2“ и предметот да се врати на повторно одлучување

ВМРО штаб зграда
ВМРО штаб / фото: Слободен печат / Драган Митрески

Вишиот јавен обвинител вчера на јавна седница пред Апелацискиот суд Скопје за случајот „Талир 2“ предложи првостепената пресуда да биде укината и предметот да се врати на повторно одлучување, како и да се земат предвид измените на Кривичниот законик.

Адвокатот на одбраната Еленко Миланов, по апелационата седница, во изјава за медиумите посочи дека апсолутна застареност со измените на КЗ настапила во јануари годинава, но и дека сега делото залоупотреба на службената положба и овластување го нема во измените.

-Јас мислам дека во конкретниот случај таква конфискација веќе не може да постои. Мислам дека не можеше никогаш да постои, но сега уште повеќе. Не знам оваа пресуда дали треба да се укине или едноставно примена на новиот КЗ да доведе до тоа да се констатира апсолутна застареност на гонење, изјави Миланов.

За предметот „Талир“ со правостепена судска пресуда минатата година на затворска казна од шест години е осуден екс премиерот Никола Груевски која е во бегство во Будимпешта, додека поранешниот владин генерален секретар Кирил Божиновски е осуден на условна казна од две години. Двајцата беа прогласени за виновни за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ во случајот при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот