Свинско месо/ Фото: ROBERT MICHAEL / AFP / Profimedia

Вишокот свинско месо во ЕУ врши притисок и врз цените на српскиот пазар

Новиот пад на цената на свињите за гоење во Германија на 1,60 евра за килограм врши притисок врз пазарот, бидејќи големите фарми се обидуваат да продадат вишок суровини и во Европа и надвор од ЕУ.

– Причината е големата понуда на пазарот и послабата побарувачка на потрошувачите. Затоа кланиците бараат ново намалување на откупните цени. Понудата на свињи е голема низ цела ЕУ и затоа нема добри вести за одгледувачите на свињи – нагласува економистот Петар Јовичиќ.

Здружението на германската месна индустрија (ВДФ) проценува дека изгубените приходи поради забраната за извоз на германско свинско месо во Кина изнесуваат околу една милијарда евра. Исходот на пазарот на свинско месо е логичен.

Кон средината на септември, Кина воведе привремени антидампинг давачки од 15,6 до 62,4 проценти на свинско месо од Европската Унија. Ова беше направено по истрагата за дампингот, кој, според Пекинг, предизвикал голема штета на кинеската индустрија.

Само компаниите од Шпанија, Данска и Холандија кои соработувале во постапката добиле пониски давачки, додека другите производители биле погодени од максималната стапка.

Проценките на експертите дека извозот на свинско месо од ЕУ во вредност од над две милијарди долари е погоден полека се остваруваат, што почнува да предизвикува конфузија на домашниот и другите пазари. Ова ги објаснува и најновите случувања на пазарот на свинско месо во Србија, кој донекаде се стабилизираше во првата половина од годината, aнализира Политика.

Минатата недела, претставници на индустријата за преработка на месо побараа од Министерството за земјоделство да ја забрза постапката за увоз на замрзнато свинско месо.

Во исто време, одгледувачите на свињи инсистираат на воведување квоти за да го заштитат домашниот пазар и тврдат дека нема недостиг. Цената дури и се намали во споредба со претходниот период – на 180 динари за килограм.

Министерството за земјоделство најави анализа на пазарот и конкретни мерки насочени кон зачувување на домашното производство. Како што неодамна објави порталот „Агропрес“, иако бројот на грла е сè уште под петгодишниот просек, во 2024 година вкупниот број на свињи се зголеми за 9,7 проценти во споредба со претходната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот