Вина за ветото за Македонија има и Орбан, тврдат бугарски европратеници

Виктор Орбан/ Фото: EPA/FILIP SINGER

Унгарскиот премиер Виктор Орбан е директно вклучен во антибугарската кампања во Северна Македонија и е меѓу виновниците за нашата земја да стави вето на разговорите за членство со поранешната југословенска република, обвинија бугарските европратеници Ангел Џамбаски и Радан Кунев, на вчерашната расправа во Европскиот парламент посветена на унгарското влијание во медиуми во Словенија и Македонија, пренесуваат бугарските медиуми.

Голем број европратеници изјавија дека компании блиски до Орбан поседуваат средства за информирање во Словенија и Македонија, кои водат антиевропска политика.

– Ги знам таканаречените унгарски медиуми во Македонија, блиски до Груевски. Тие се основата на најжестоката антибугарска кампања во Северна Македонија. Тие работат за конфликт, за поделен Балкан, против европската интеграција. Тие се една од главните причини за сегашната состојба, кога Бугарија става вето на проширувањето на ЕУ со Северна Македонија, рече Кунев, додавајќи дека тоа не е во интерес ниту на Унгарија ниту на нејзиниот народ, а уште помалку на граѓаните на Бугарија и Македонија.

Најдобар начин да се спаси Северна Македонија од лошото влијание е веднаш да се започнат разговори за членство во ЕУ, порача европратеничката од редовите на зелените, Тинеке Стрик од Холандија. Таа побара од Советот на ЕУ да побара од Бугарија да ги отстрани пречките за почеток на преговорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот