Вимблдон се враќа, Ѓоковиќ ја брани титулата пред публика

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Организаторите на Вимблдон минатата сезона одлучија да не го одржуваат престижниот грен слем турнир поради пандемијата на коронавирусот, но оваа година се враќа во тенискиот календар.

Соопштено е дека традиционално третиот грен слем во сезоната ќе се одржи од 28 јуни до 11 јули 2021 година, и тоа со присуство на помала публика.

Според веб-страницата на Вимблдон, приоритет ќе бидат јавното здравје и безбедноста на учесниците, гостите, навивачите и вработените на турнирот.

Напоменато е дека конечната одлука за точниот број на гледачи на трибините ќе биде донесена што е можно подоцна за да се овозможат што повеќе гледачи.

Еден од условите за учество на овој настан е сите играчи и членови на нивниот тим да бидат сместени во официјалните хотели на организаторите.

Минатогодишниот Вимблдон беше откажан поради коронавирусот, тоа беше првото и единствено откажување на легендарниот турнир по Втората светска војна.

Во 2019 година првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ во големото финале во Лондон го совлада Рожер Федерер со 7:6 (5), 1:6, 7:6 (4), 4:6 и 13:12.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот