Вилите на „Радика Ресорт“ наместо да се уриваат, се градат, надлежните молчат

леуново вили
Фото: Владимир Лазаревски

Во Леуново забрзано се градат и бетонираат објектите за кои уште пред два месеца Општина Маврово Ростуше донесе решение дека треба да бидат урнати.

„МВР и надлежниот градежен инспектор на Општината, Ќирко Џуковски на наш повик денеска извршија увид на локацијата и можеа да се уверат дека и натаму се градат вилите во сопственост на „Радика Ресорт“ иако има решение за уривање, а јавното обвинителство за тоа им поднесе кривични пријави на газдите на хотелот“, вели Владимир Лазаревски, претседател на месната заедница во ова мавровско село.

Тој и Круме Дишлиски како претставници на локалното население денеска присуствуваа на увидот на полицијата и на инспекторите.

„Бараме санкции за одговорните кои ги игнорираат законите“, додава Лазаревски.

„Слободен Печат“ со денови не успева да го добие инспекторот Џуковски и покрај тоа што му упативме бројни телефонски повици, пораки, па дури побаравме и помош од општинската администрација на Маврово-Ростуше. Џуковски, меѓу другото, е одговорен за спроведување на решението за уривање на спорните објекти во Леуново.

Локалното население и сопствениците на викенд куќите крај Мавровското Езеро се револтирани поради тоа што локалните власти не ги спроведуваат законите и ја толерираат бетонизацијата на Маврово која предизвикува и сериозни проблеми со водоснабдувањето. Тие најавија протест и блокада на патишта за овој викенд во Маврово и бараат да се запре продажбата на државно земјиште во националниот парк, да се спречат дивоградбите, да не се издаваат дозволи за градба во заштитната зона на Мавровското Езеро и да се реши водоснабдувањето. Претходно најавениот протест беше одложен поради локалните избори.

Во Маврово ескалира проблемот со дивите градби: Протестирал за скината цевка, багерoт му ја прегазил ногата!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот