Вилијамс: Патував со 50 маски, ќе играм на секој турнир!

Една од најдобрите светски тенисерки најавува дека ќе учествува на сите турнири во САД и Европа.

Среде пандемијата на коронавирус, многу тенисери го откажуваат учеството на турнири, но тоа не е случај со Серена Вилијамс.

Секако и американската тенисерка е свесна поради пандемијата на коронавирус, но тоа не влијае на нејзината одлука да биде дел од новите натпреварувања.

Постои желбата да игра на „УС Опен“ во Њујорк (закажан за 31 август), а подоцна и на грен слем турнирот „Ролан Гарос“.

Ќе играм на секој турнир што се одржува, но сè уште немам конкретен план. Светот се соочува со Ковид-19. Спортот е една од ретките работи што може да ги развесели луѓето. Немам полн капацитет на белите дробови, па не знам што би се случило доколку се заразам. Мислам дека сè би било како што треба, иако подобро е да не преземам ризик. Бев внимателна, патував со 50 маски – вели Вилијамс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот