Вики Димчевска: Си давам обврски онолку колку што можам да поднесам одговорност!

Вики Димчевска е инспиративна, урбана, успешна млада жена од Скопје. 11 години е менаџерка за маркетинг, продажба и презентација во градежниот сектор на РС Македонија.

Велиш дека во твојата работа мотото е „успехот е пат, а не крајна дестинација“, како накусо изгледаше твојот пат на успехот и која е целната дестинација?

– Ако сакаме да бидеме успешни мора да бидеме подготвени да чекориме со цврсти машки чекори.

Тимската работа носи успеси – за развојот на мојата кариера и заедничките успеси, најголем придонес има мојата најдобра пријателка, колешка и менторка Мелита.

Не е целта во имањето пари, целта на мојата целна дестинација е да го работам тоа што го сакам, квалитетно и со љубов, бидејќи еден ден сиот труд што сум го вложила во моето квалитетно работење ќе се исплати. Успехот не е клучот за среќа. Среќата е клучот за успехот. Ако го сакате тоа што го правите, ќе бидете успешни.

Во мојот женски живот чекорам со цврсти машки чекори. Со шлемот на глава, и лето и зимa, на дожд и на снег, со проектот в рака, 11 години скала по скала чекорам полека но сигурно до успех во градежниот сектор.

Како за време на коронакризата се одвива купопродажбата на станови, и дали цените се задржаа?

– Коронакризата ги поттикна граѓаните на нашата земја своите пари да ги инвестираат во недвижен имот. Во време на пандемијата со ковид-19 добив признание од инвеститорите во градежниот сектор: најдобар маркетинг менаџер и менаџер за продажба и презентација за 2020 година во РС Македонија.

Цените на становите се зголемени, а купопродажната цена ја креираат купувачите со големата побарувачка на станови.

Кои локации во Скопје се најпосакувани, а кои најпродавани?

– Агенцијата за недвижности „Букефал Ас“ има склучено договори за соработка со 16 градежни компании и има ексклузивно право за продавање на нивните станбено – деловни објекти.

Најпосакувани и најпродавани локации се: Центар, Карпош и Аеродром.

 Дали кај Македонците е зголемен интересот за купување куќи на село и воопшто во рурарните области? Што моментно е најбарано на оваа тема?

– 50 отсто од македонското население мигрира од село во град, и сите тие имаат куќи на село.  Заинтересираност за купување куќи и плацеви најмногу има во околината на Скопје, скопските села, каде што се градат убави и елитни вили – Соње, Сопиште, Катланово, Зелениково. Моментално најбарани области во скопската околина за градење вили и викендици.

Коронакризата ги поттикна граѓаните на нашата земја своите пари да ги инвестираат во недвижен имот. Цените на становите се зголемени, а купопродажната цена ја креираат купувачите со големата побарувачка на станови. Најпродавани локации се Центар, Карпош и Аеродром.

Кои квалитети, според тебе, треба да ги поседува една жена за да успее во претприемништвото?

-Да биде жена-маж. Не сум жена за да плачам. Во мојот женски живот, јас чекорам со цврсти машки чекори. Со шлемот на глава и проектот во рака, и лето и зимa, на дожд и на снег, 11 години скала по скала чекорам полека, но сигурно, до успех во градежниот сектор на нашата земја.

Како балансираш меѓу семејните и деловните обврски, знаеш ли да „заглавиш“ во кујна?

– Освен мојата посветеност на полето на работата, 100 отсто сум посветена на домот, семејството и мојот домашен миленик – кучето Мајки, кое го чувам со неизмерна љубов и внимание шест години.

Секојдневното готвење во мојата кујна е постојан дел од мојата дневна рутина. Кујната е место во мојот дом каде што после секојдневните обврски се релаксирам и се ослободувам од стресот.

Најмногу од сè ми се допаѓа да готвам традиционална македонска храна, морски специјалитети и кинески јадења со пилешко месо.

„Кога жените работат, економијата расте“, во што ја гледаш предноста на жената на одлучувачки места?

– Предноста ја гледам во интуицијата и емоциите што жените изразено ги поседуваат во себе.

Гласовите на жените мора да се слушнат во процесите на креирањето на одлуки на сите нивоа ако сакаме да постигнеме долгорочен мир, демократија и одржлив развој! Јас како жена сум амбасадор за човекови права и хуманитарни активности во РС Македонија за 2020 и 2021 година, прогласена од Новинари за човекови права и Британска амбасада.

Често можеме да те видиме на велосипед, на веспа или на тенискиот терен. Во тоа ли е твојот рецепт за фит форма или негуваш и други ритуали?

– Мојата фит форма е генетика, за време на пандемијава се здебелив бидејќи сум гурман – готвам и сакам да јадам.

Возење велосипед, веспа, играње тенис и јавање коњи се моите хобија што ги правам во слободното време. Сите овие спортови ме развиваат физички и духовно. Влијаат на мојата целокупна емоционална состојба, а најголем природен антидепресив ми е јавањето коњи. Коњите ми даваат многу позитивни емоции, ме инспирираат и рекреираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот