ВИИДЕО: Реал Мадрид го искористи киксот на Барселона, Белингем и Мбапе обезбедија три бода за „кралевите“
Eкипата на Реал Мадрид не дозволи изненадување и во рамки од 15. коло славеше победа над Гетафе со 2:0.
Препорачано
Победата „кралевите“ ја обезбедија со двата гола во првото полувреме. Резултатот беше отворен со гол од пенал по половина час игра. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Џуд Белингем.
30’ – GOOOL DE BELINGHAM
Abre el marcador Bellingham, engañando a David Soria
[1-0] #LaLigapic.twitter.com/xa4oysJBKx https://t.co/x4zCnOyDzo
— madridz.xx (@madridzXx) December 1, 2024
Осум минути подоцна Килијан Мбапе одлично се снајде и по додавањето од стрелецот на првиот гол, Белингем го матираше противничкиот голман.
Kylian Mbappé WHAT A GOAL! ? pic.twitter.com/gpusW14ZIn
— TC (@totalcristiano) December 1, 2024
До паузата, но и во второто полувреме не видовме погодоци, па тој резултат се покажа и како конечен.
Реал Мадрид со овој триумф го искористи вчерашниот кикс на Барселона која беше поразена од Лас Палмас и се доближи на само бод заостанување (34) и тоа со натпревар помалку и со победа во тој дуел против Валенсија избраниците на Ачелоти би го преземале врвот на табелата.


