ВИДЕО|Вистинско богатство за истражување: Откриена населба стара 8.000 години на албанското крајбрежје на Охридското Езеро

A view from Lin village near Ohrid lake in Korce, Albania/ Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Под површината на Охридското езеро, пронајдени се остатоци од најстарото познато езерско село во Европа. Селото е пронајдено во Лин, на албанска страна. Радиојаглеродна анализа на локацијата сугерира дека датира од, приближно, помеѓу 6.000 пр. н. е. и 5.800 пр. н. е., што го прави старо околу 8.000 години.

„Тоа е неколку стотици години постаро од претходно познатите езерски места во медитеранските и алпските региони“, изјави Алберт Хафнер, професор по археологија од Универзитетот во Берн во Швајцарија за АФП.

Тој раскажува дека според сознанијата, тоа е најстарото во Европа. Хафнер додаде дека поголемиот дел од најстарите европски села се наоѓаат на италијанските Алпи и се околу илјада години помлади.

Археолозите открија докази кои сугерираат дека населбата била заштитена со илјадници шилци кои користеле како одбранбени барикади. Хафнер вели дека се поставува прашањето зошто на селаните им требало да изградат толку барикади за да се одбранат и истакна дека ова откритие е „вистинско богатство за истражување“.

„За да ја разбереме структурата на овој праисториски локалитет без да го оштетиме, спроведуваме многу прецизни истражувања, движејќи се многу бавно и многу внимателно“, изјави Адријан Анастаси, кој го предводи тимот албански истражувачи.

Со помош на професионалните нуркачи, археолозите го пробиваат дното на езерото и откриваат фосилизирани фрагменти од дрво и парчиња даб. Анализата на прстените на дрвјата помага при реконструкција на жителите во областа, обезбедувајќи увид во климатските и еколошките услови од тој период, додава Анастаси.

Според научниците, се претпоставува дека селото се потпирало на земјоделство и припитомен добиток за храна.

Најдовме разни семиња, растенија и коски од диви и припитомени животни, рече Илир Ѓепали, албански професор по археологија кој работи на локалитетот.

За целосно да се истражи и проучи ова село, потребни ќе бидат уште две децении за да се донесат конечни заклучоци.

Анастаси додава дека со секое ископување се исцрпуваат вредни информации, овозможувајќи му на тимот да состави слика од животот покрај брегот на Охридското Езеро пред илјадници години – од архитектурата на живеалиштата до структурата на нивната заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот