Видеомонографија за децениски јубилеј: ОУ „Кузман Јосифоски-Питу” во Кичево одбележува 60 години постоење

Фото: mia.mk

Со видеомонографија која беше промовирана на Фејсбук, основното училиште „Кузман Јосифоски-Питу” во Кичево одбележа 60 години постоење. Опфатени се сите периоди од почетокот на работата до денес. Училиштето имало над 8.000 ученици, а во образовниот процес биле вклучени над 200 учители и наставници.

Директорот Драган Андрески потсети дека од клупите на ова училиште се излезени и поголем број на академици, на универзитетски професори, на инженери, на лекари, на политичари, итн.

Поради мерките за заштита од ковид-19, јубилејот ќе се одбележи без собир, а пофалници, благодарници и други признанија на вработените ќе им бидат доделени во друга пригода.

– Без да подготвуваме специјална програма ќе биде одбележан големиот јубилеј на нашето училиште. Ќе нема масовни собирања поради ковид-19 и само со видеомонографија која учениците и граѓаните може да ја проследат на Фејсбук во два термина. Сите ние можеме да бидеме горди што сме дел од ова училишно семејство, кое од година во година бележи развој, рече директорот Андрески.

Училиштето „Кузман Јосифоски-Питу” во Кичево од 20-07 година работи во нова објект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот