ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Вангелов: Изминатава година очигледно беше лоша во борбата против корупцијата

Огнен Вангелов /Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Македонија уназадила во владеењето на правото и борбата против корупцијата, се вели во новиот годишен извештај на невладината организација Фридом хаус – „Држави во транзиција“, која подолго време ги следи активностите на земјите во развој, поделувајќи ги на седум индикатори (демократско владеење, изборен процес, граѓанско општество, независни медиуми, локално демократско управување, судство и корупција).

Во разговор за „Слободен печат“, авторот на извештајот, професорот Огнен Вангелов ни објасни каде Македонија бележи најголемо назадување и поради кои причини.

„Македонија останува во зоната на „хибридни земји“, што претставува нешто меѓу демократија и автократија. Македонија одеше нагоре од 2017 до 2023, повеќе години оценката се зголемуваше минимално, а според методологијата на Фридом хаус, ако се надмине процентот од 51, тогаш земјата влегува во зоната на демократија“, објаснува Вангелов.

Според претходните извештаи, Македонија лани стигна до 49 проценти, но годинава според проценките почна повторно да оди надолу на оваа скала, со што останува во таа зона на „хибридни земји“.

Вангелов објаснува дека подобрувањето и влошувањето на позицијата на една земја во овој извештај не може драстично да се промени на годишно ниво, односно потребни се некои огромни политички промени кои би довеле до значителен пад или раст на оценката на една земја.

Според најновиот извештај, Македонија забележа назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата, наведувајќи бројни скандали кои ја одбележаа изминатата година.

„Во однос на 2022 година, бројот на корупциски скандали и проблеми со правосудството кои беа видливи за целата јавност, не можеа да се игнорираат. Тоа секако ќе владееше на оценката. Тие скандали се познати не само во нашата, туку и во меѓународната јавност“ вели Вангелов.

Целиот разговор погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот