ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Тошковски: Од фотографирање до издавање на лични документи поминуваат повеќе од 40 дена

Панче Тошковски/, фото Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Хаос во издавањето на патни исправи, ќе можат ли сите граѓани да го остварат правото на глас, како да се дојде до личните документи и до каде е доставата на истите на домашна адреса одговор побаравме од првиот човек на Министерството за внатрешни работи од преодната техничка влада Панче Тошковски.

Тој апелира до Собранието да се променат законските одредби кои го регулираа начинот на идентификација и начинот на гласање се со цел да можат 100.000 граѓани да не го загубат правото на глас.

-Доколку не се промени законската одредба којашто го регулира начинот на идентификација и начинот на гласање ќе имаме сериозен проблем, драконски ќе се прекрши правото на гласање. Овие 100 илјади луѓе кои немаат документ со новото уставно име се резиденти на Македонија, сите се со право на глас, живеат во државава. Но немаат важечка лична карта, а имаат активен пасош со старото уставно име и во ваква ситуација излегува дека овие луѓе го губат правото на глас-вели Тошковски.

Панче Тошковски/, фото Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Тој објаснува дека државата не е во можност да извади толкав број на документи бидејќи бројката е огромна.

– МВР веќе изготви соодветна информација до Владата и ќе побарам уште утре да биде разгледана на владина седница и се надевам дека Владата ќе се вразуми и ќе предложи до Собранието сами да го увидат и решат овој проблем“, изјави Тошковски.

Тошковски: 100 илјади граѓани ќе останат без право на глас доколку Собранието не го регулира начинот на идентификација при гласање

На барањето на Народниот правобранител да се направи брза лента за сите кои немаат валиден документ за гласање Тошковски вели дека супер е сите фели да си бараат тоа што им треба.

-Барањето на Народниот правобранител за издавање лични карти по брза линија за оние граѓани кои немаат документ и нема да можат да гласаат на изборите е одлично. Супер е и барањето на Владата за одредени превозници, но бараат и ИТ инженери и здравствените работници и професори. Сите бараат и јас ги поттикнувам сите да се организираат и да достават барање. Ама фактот е дека МВР има две машини за печатење пасоши, вели Тошковски.

Тој изјави дека капацитетот на вработените кои работат на печатење на пасоши е околу 3.000 дневно.

Панче Тошковски/, фото Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

– Тие работат по десет часа и сабота и недела. Решение е да се смени законот, вели Тошковски.

Тој најави дека во среда ќе се отвори нов пункт за вадење лични документи коишто ќе се наоѓа во склоп на Центарот за обука во Идризово.

„Во среда ќе се отвори нов пункт за вадење лични документи коишто ќе се наоѓа во склоп на Центарот за обука во Идризово. Пунктот ќе биде со четири базни станици кои се префрлени во Идризово од внатрешноста на државата. Започнуваме со една смена, бидејќи за толку имаме обучен кадар, а ќе можат да се опслужуваат по 250 до 300 луѓе“, изјави Тошковски.

Тој објасни дека околу 400.000 обрасци кои треба да се испорачаат до јуни. Целта е од тие да пуштат колку што можат порано, минимум сто илјади за да се задоволи динамиката.

Тошковски вели дека веќе не произведуваат по 50 илјади пасоши месечно, туку од 75 до 80 илјади.

Во среда ќе биде отворен нов пункт за издавање лични документи во Идризово

-Обрасци, најверојатно ќе има до 8 мај, до избори или до првата недела од мај . но не сакам да го оставам истиот проблем што го затекнав првиот ден. Сакам да обезбедиме континуитет, да има повторно достава на обрасци. Имаме околу 400.000 обрасци кои треба да се испорачаат до јуни. Целта е од тие 400 илјади да пуштат колку што можат порано, минимум сто илјади за да се задоволи динамиката, изјави Тошковски.

За проектот достава до дома на личните документи Тошковски вели дека идејата била добра, но реализација никаква. Сега се работи на проект секој да си го земе личниот документ од полициските станици во нивното место на живеење.

Целото интервју со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот