Тони Зен / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Тони Зен: Можеби не сум поет, но искуствата се поетски
Агнеса Чаволи
Пред
По повод Светскиот ден на поезијата, навлегуваме во лирскиот и персонален свет на Тони Зен, кој полека и сигурно се враќа на сцената по пауза од бурниот живот, концерти, медиуми… Тони Зен не е само музичар и рапер. Jас лично би го нарекла – поет со микрофон.
Тони Зен / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески
Неговите текстови не се само зборови со ритам, тие се на некој начин, одраз на неговите лични искуства, борби, триумфи и будења.
За време на неговата пауза, Тони одвои време да работи на себе, да ја сфати суштината на постоењето, тишината, да формира едно прекрасно семејство, да се посвети на креирањето на албумот „Од изворот на изборот“…
Дел од текстот на песната „Тишина“ во склоп на албумот „Од изворот на изборот“:
„Лесно е да имаш многу, кога многу има
Лесно е да направиш во песокот прашина
Лесно е да избегаш по патот во кривина
Лесно е да направиш галама, да те видам направи тишина“
Тони Зен / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески
За неговиот пристап кон креирањето на текстови и за врската помеѓу рапот и поезијата вели:
„Можеби не сум поет, но искуствата се поетски. Не се обврзувам многу со термините, а раперите и лиричарите ги нарекуваат ‘улични поети’“.
Тони Зен / Фото: „Слободен печат“ – Драган Митрески
Тони Зен можеби користи микрофон наместо пенкало, но не греши: неговите рими се поезија во движење, носејќи ја со себе безвременската моќ на стиховите. Со неговото будење, тој продолжува да нè потсетува дека вистинската уметност не познава граници и дека поезијата може да се најде на најнеочекуваните места.
Во продолжение, изгледајте го целиот разговор со Тони Зен!
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Овој месец, на стотици студенти во државата неосновано им беше прекинато правото на субвенциониран студентски оброк, при што најголем дел од погодените овој пат се од Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 ВИДЕО | Психопат открива со кои типови на луѓе најлесно …
Имињата што ги носиме не се само лична ознака, ниту семејна навика пренесена од генерација на генерација. За православниот човек, тие често се врска со христијанското наследство, со светителите, со преданието и со духовната меморија на народот. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 ВИДЕО | Психопат открива со кои типови на луѓе …