ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Скерлев: Ни болеста на Чарлс Трети не го смири кралското семејство

Жанета Скерлев - новинар / Фото: ''Слободен печат'' / Методи Здравев

Принцот Хари веднаш дотрча во Лондон откако разбра за тоа дека на татко му, му е дијагностициран рак. Многумина веруваа дека веста за болеста на кралот Чарлс Трети ќе го смири кралското семејство и конечно ќе ги зближи раскараните браќа, пренесуваат британските медиуми. Принцот Хари не се сретна со принцот Вилијам, нема објаснување зошто Вилијам не најде време да го види братот, ниту пак постои образложение зошто Хари се задржал толку кратко во Велика Британијa. Toj го посетил кралот само 45 минути и го фатил првиот лет за враќањ во Калифорнија, пишуваат весниците.

Медиумите се со голем наклон кон гестот на кралот што сподели со јавноста за болеста со која се соочува, вели за „Слободен печат“ на Слободна ТВ, Жанета Скерлев, дописничка и колумнистка од Лондон.

– Речиси сите медиуми се со заеднички коментар, каде го фалат кралот што ја обнароди, обелодени дијагнозата, бидејќи знаеме во минатото кралското семејство не беше транспарентно. И тоа е добро, за тоа што, еве, од најпознатата хуманитарна организација за лица болни со рак известуваат дека интересот за оваа болест и проверките меѓу населението пораснал за 42% откако кралот ја извести пошироката јавност – вели Скерлев.

Јавноста знае дека Чарлс Трети има рак, но не се знае каде. Кралот е во стабилна состојба, веќе почнал со третманите, обелоденија медиуми, вели Скерлев, притоа појаснувајќи дека нема потреба да се навлегува во повеќе детали, сепак треба да се задржи и приватноста на едно семејство.

Уште еден член од кралското семејство неодамна заврши во болница. Принцезата Кејт Мидлтон имала хируршка интервенција на абдоменот и толку се знае за нејзината здравствена состојба. Таа за разлика од кралот се води според некогашните правила на кралското семејство и не открива никакви детали околу нејзината состојба, објаснува Скерлев.

– Колку што знаете вие таму за Кејт, толку знаеме и ние овде. Дури и про-монархистичките медиуми се многу тивки, не пишуваат за неа. Знаеме само дека е дома во Виндзор со децата. Имаше коментари по медиумите дека доколку таа проговори јавно за нејзината здравствена состојба тоа би било добро за жените, девојките – вели нашата соговорничка.

Целото интервју со Скерлев погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот