ВИДЕОИНТЕРВЈУ| Проф. Ацески: Нема теорија за бугаризација, ние веќе 30 години имаме своја држава

проф. д-р Илија Ацески - социолог /Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Како држава имаме толкму многу проблеми, а две години се занимаваме дали Бугарите ќе бидат во уставот, вели проф. д-р по социологија Илија Ацески во интервјуто за „Слободен печат“.

„Потрошив многу време и труд да пишувам за идентитетот. Македонецот, македонскиот идентитет се формирал како и секој друг идентитет на овие простори. Ние веќе 30 години имаме своја држава, пред тоа имавме една заедница во којашто живеевме. Откога сме притиснати на некој начин дека мораме да влеземе, односно да почнат преговори со Европската Унија, Бугарија направи еден потез. Моето објаснување е дека Бугарија всушност тоа го прави меѓу другото и за тие стотици илјади Македонци коишто живеат во Бугарија“, рече професор доктор Ацески.

Тој додаде дека некоја позната личност од Ресен која живее во Бугарија прашувала како да признае дека е Бугарин како неговите родители се Македонци.

„Кога Бугарија ќе го испере од својот едновековен период тоа дека овде имало Бугари, проблемот ќе го заборавиме“, посочи Ацески.

Тој додаде дека нема теорија за бугаризација.

Теориите дека ако ги внесеме Бугарите во Уставот ќе го загубиме идентитетот, тоа е голем проблем за нас, вели професорот.

Ацевски заклучи дека ако Бугарите се внесат во уставот, истите можат и да се исфрлат.

Целото интервју со проф. д-р Ацески погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот