Љупчо Николовски Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Николовски: Eдрењето е спорт кој освојува на прв поглед

„Едрењето е спорт кој освојува на прв поглед“, вели Љупчо Николовски, претседателот на клубот за едрење „Нов ветер“, кој ни беше гостин во студиото на Слободен печат каде што фокусот на разговорот ни беше европскиот куп во едрење, кој е на програмата од 27 до 30 август во Охрид.

„Кој било да дојде во контакт со едрењето, ќе биде маѓепсан и ќе остане во спортот. Многу малку луѓе коишто дошле во контакт со рекреативното едрење, ретко некој се повлекол назад,“ нагласува Николовски кој со едрење се занимава од своите тинејџерски години.

Николовски е претседател на клубот за едрење „Нов ветер“ кој е формиран со идеја да остави трајна спортска традиција за идните генерации. Благодарение на нивната активност, во Охрид се стационирани четири идентични едрилици „Фарис 23“ на кои се организираат тренинзи, обуки и натпревари. Благодарение на активностите на клубот, Европската меч рејс федерација го препозна потенцијалот на Охрид и го вклучи како дестинација за дел од Европскиот куп.

„Лани за првпат се одржа Европскиот куп во Охрид, каде што се собра европската елита. Сега се трудиме што повеќе наши луѓе да се натпреваруваат и да учат од најдобрите екипи од сериозни едриличарски земји“, вели Николовски.

Во јули, клубот го организираше второто државно првенство во едрење, од кое две македонски екипи изборија место на претстојниот европски натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот