ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Децата не читаат книги, „Бокси“ е првата апликација за читање и слушање книги
Има ли Македонија генијалци и иноватори? Што креираат генијалците и по што се издвојуваат од своите врсници? Колку иновации има во државава и колку се иновативни нашите поединци, а на колку се работи? Прашања на кои малкумина го знаат одговорот. „Слободен печат“ ќе се обиде преку серијал да обезбеди барем мал дел од одговорите и да им даде шанса на генијалците и на иноваторите да ѝ ги претстават своите креации и идеи на пошироката јавност. Креатори на игри, успешни шахисти, инженери, научници, балерини … се само дел од ликовите што ќе бидат дел од нашиот серијал. Се надеваме дека на ваков начин ќе ја поттикнеме јавната свест но и надлежните институции да се издвојуваат повеќе средства за оваа намена, да најдат начин да ги промовираат нивните идеи онаму каде што треба за подобро утре за сите нас. Воедно, ова нека биде и отворен повик до сите што сакаат да ги споделат своите успеси и иновации со нас, но и со целата јавност, да се пријават на официјалната имејл-адреса.
Препорачано
Димитар Најденов е еден од основачите на „Ретинг“, компанијата која што ја создаде „Бокси“, првата детска апликација за читање и слушање книги. За „Слободен печат“ вели дека работат за шведски пазар, но имаат клиенти од секаде низ Европа.

-Главно, работиме за шведскиот пазар, но и за скандинавскиот пазар пошироко. Меѓутоа имаме други клиенти секаде низ Европа. „Бокси“ како идеја, дојде во моментот кога сфативме дека најмногу децата, а потоа и возрасните во земјава се помалку читаат книги. Сакавме да најдеме некој модел и некој начин луѓето да продолжат да читаат книги. Сфативме дека печатените книги не се интересни и дека целиот свет е зависен од мобилните телефони. Развиваме најразлични софтверски продукти за проектите на клиентите. Македонската детска литература сега е на дофат на децата, збогатена со многу забавни содржини и можности за гејмификација. Со тоа ќе им овозможиме на децата да градат подобри односи со книгите и да стекнат корисни навики за повеќе читање- вели Најденов.

Ивана Каралиева Петреска, ко-основач на „Ретинг“ вели дека сѐ почнало од едно прашање, како да го направат времето поминато пред екраните корисно за децата?
-Знаевме дека мора да има поубав и поинтересен начин да ги донесеме книгите поблиску до детскиот свет. И така и ја создадовме „Бокси“, со огромна љубов и инспирација од моменталните иновации- вели Петреска.
Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение:


