ВИДЕО+ФОТО | Меколи Калкин во нова манекенска улога: Ѕвездата од „Сам Дома“ зачекори на пистата на „Гучи“
Меколи Калкин зачекори за прв пат на модната писта во својот 41-годишен живот со настап како една од ѕвездите на „Gucci Love Parade“.
Џаред Лето, Меколи Калкин и Џоди Тарнер-Смит се најадоа меѓу ѕвездите кои испарадираа на Љубовната Парада на Гучи на Булеварот Холивуд изминатиот вторник.
Најпознатиот булевар во Лос Анџелес и светот беше претворен во модна писта на отворено, а на неа поминаа низа светски и холивудски ѕвезди носејќи модели на модниот бренд Гучи, во тајминг за одржување на ревија кој беше невообичаен и надвор од традиционалните четири големи светски модни недели.
View this post on Instagram
Ѕвездата од легендарниот филм „Сам дома“ носеше камел беж панталони и сина Хавајска кошула со насликан остров, а аутфитот беше надополнет со сјајна цветна бомбер јакна, очила за сонце и колан.
Освен Калкин, на пистата проодеа и Сент Винсент, Џаред Лето, Фиби Бриџерс и Џоди Тарнер – Смит, а секој од нив носеше и очила за сонце и покрај тоа што ревијата се одржа во вечерните часови.
View this post on Instagram
Лето воедно глуми и во престојниот филм „House of Gucci“ во кој се зборува биографски за приказната за еден од поранешните водечки личности во оваа модна куќа, а на ревијата носеше темно сиво сако со бели нашнирани панталони.
View this post on Instagram
Бриџерс носеше долга црна свилена јакна, тантелни ракавици, црна шапка и чизми со принт од змиска кожа.
Тарнер-Смит и Сент Винсент имаа поекстравагантни аутфити, обата прекриени во пердуви – Тарнер-Смит во фустан од црвени, портокалови и зелени пердуви, а Сент Винсент во црна наметка преку градник и здолниште.
Публиката беше преплавена од ѕвездена прашина, а меѓу присутните беа и Мајли Сајрус, Били Ајлиш, Дакота Џонсон, Манескин, Лизо, Гвинет Палтроу и Серена Вилијамс.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Ова е прво официјално појавување на Меколи Калкин во јавноста по подолго време, откако долго се говореа контроверзи околу неговиот приватен живот а тој се повлече од јавноста. Дали Меколи Калкин се враќа на светската сцена? Останува да видиме.
View this post on Instagram