ВИДЕО+ФОТО | Фустанот на Ејми Вајнхаус од историскиот концерт во Белград продаден за неверојатна сума

ејми вајнхаус
Фото: Принтскрин / EPA

Сè уште многу добро го паметиме концертот на исклучителната Ејми Вајнхаус одржан во нам блискиот Белград во јуни 2011 година. Но, не само Балканот, туку и целиот свет, откако пејачката беше под очигледно влијание, и беше разочарувачко искуство за публиката, па беше „извикана“ од сцената – а тоа беше нејзиниот последен концерт пред нејзината рана и предвремена смрт.

Се чини дека, колку што беше овој нејзин настан легендарен и за паметење, така и нејзиниот фустан кој го носеше на овој настап.

ејми вајнхаус белград
Фото: Принтскрин / Youtube

Изминатата недела на аукција беа дадени преку 800 парчиња лични предмети на Вајнхаус од страна на семејството, а како најзабележителна продажба беше токму фустанот кој Ејми го носеше на својот последен концерт во Белград.

Црно-зелениот мини фустан со принт од палма беше продаден за 180 илјади фунти, или 283 илјади долари, што се проценува дека е 16 пати повисока сума од неговата реална вредност.

ејми вајнхаус фустан
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Фустанот беше само дел од колекцијата која содржеше од ДВД изданија, преку градници и книги, до козметика ин шминка, кои беа поставени на аукцијата од страна на нејзините родители Мич и Џенис.

ејми вајнхаус предмети
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Целосната продажба на колекцијата заработин 4 милиони долари, што е двојно од предвидената сума според куќата „Julien’s“ која беше задолжена за дводневната аукција која се одвиваше за време на изминатиот викенд.

ејми вајнхаус предмети
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

„Секако, има фанови, музеи и колекционери низ целиот свет кои би сакале да имаат некои од овие парчиња во своја сопственост, да се грижат за нив, да ги прикажуваат во музеи, да го одржуваат нејзиното наследство и споменот за неа во живот, и во исто време да поттикнат пари кои ќе бидат наменети за фондацијата“, изјави Мартин Нолан од куќата „Julien’s“ пред аукцијата.

Средствата ќе бидат наменети за Фондацијата Ејми Вајнхаус, која ги подржува ранливите млади личности кои се борат со зависности.

ејми вајнхаус предмети
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Друго парче кое беше продадено за забележителна сума е клач-чантата во форма на срце изработена по нарачка од Москино, кое Вајнхаус го носеше на „Brit Awards“ во 2007 година, а беше продадено за 204.800 долари.

ејми вајнхаус чанта
Фото: Profimedia

Oстанатите фустани во карактеристичниот ретро стил на Ејми беа продадени за суми помеѓу 12.500 и 150 илјади долари.

ејми вајнхаус фустани
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Ејми Вајнхаус почина само еден месец по незаборавниот концерт во Белград, на 23 јули 2011 година, на само 27 годишна возраст. Смртта настапи како резултат на алкохолно труење, а пејачката освен по своите извонредни вокални способности беше позната и по нејзините контроверзен настапи и појавувања под дејство на алхохол и дрога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот