ВИДЕОАНКЕТА | Што мислите за запуштањето на езерото Треска?
Езерото Треска е симболот на Скопје и бил асоцијација за добро поминато време, разладувајќи се во големото вештачко езеро и во дебелите сенки.
Препорачано
За жал, Скопјани веќе неколку децении се без овој езерски бисер. „Слободен печат“, направи анкета во која ги праша граѓаните што мислат за запуштањето на ова место, дали им недостасува, дали мислат дека треба да се обнови и какви мемории имаат оттаму?
Сите анкетирани имаат сентиментални мемории кога ќе се спомене езерото Треска. Се потсетуваат на забава, мир и добро поминато време.
– Значи имаше приколки, имаше плажа, се сеќавам, влезот беше бетониран накосо, и малку фаќаше мов, при влегувањето. Меѓутоа, за нас беше многу убаво и интересно. Се разладувавме таму – сподели една од анкетираните.
Граѓаните споделија дека е жално што ова место веќе не функционира и сметаат дека треба да се обнови.
-Трагедија. За мене е трагедија. Јас таму израснав, ова што се случува е страшно – вели таа.
-Сум одела, сум давала 5 години самопридонес за да се направи езерото, што значи тоа езеро е на граѓаните, односно на градот Скопје. За да се запостави, вакво какво што е сега е жално и штетно – изјави една од анкетираните.


