Фото: принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Што мислите за забраната за фрлање отпад од 22 до 6 часот?

Советот на Град Скопје воведe забранa за изнесување и депонирање на отпад во периодот од 22 часот до 6 часот наутро. Следствено, за сите оние кои нема да ја почитуваат мерката, ќе следуваат соодветни казни -за граѓаните и правните субјекти следуваат казни од 50 до 1.800 евра, соопшти новиот директор на ЈП „Комунална хигиена-Скопје“, Драги Митковски.

„Слободен печат“ направи анкета во која ги праша граѓаните што мислат за оваа забрана, дали мислат дека оваа забрана ќе донесе ред во управувањето со сметот и дали оваа забрана би претставувала проблем за локалите и рестораните кои завршуваат со работно време по полноќ?

Повеќето од анкетираните беа оптимистични на оваа тема и сметаа дека оваа мерка ќе вроди со плод, но имаше и дел кои сметаа дека оваа мерка е апсурдна.

– На секоја иницијатива треба да ѝ дадеме време да заживее, наместо сè по дифолт од одма да критикуваме, колективно. Ја поддржувам идејата – изјави една госпоѓа.

– Јас мислам дека ова е една многу непотребна одлука којашто прави еден многу глупав хендикеп, не гледам некоја особена придобивка од мерката ако се забрани фрлање отпад – вели еден од анкетираните.

На прашањето дали мислат дека оваа мерка ќе вроди со плод, граѓаните одговорија:

– Да – рече една госпоѓа.

-Да ми простите, ама имам извесна резерва. Но, би сакал да биде добро – изјави еден повозрасен граѓанин.

Оваа мерка се коси со работното време на речиси сите локали и ресторани, затоа ги прашавме граѓаните дали оваа забрана ќе претставува проблем за нив, на што граѓаните одговорија:

-Сите треба да пробаме да почитуваме, наместо да филозофираме без да се потрудиме – рече една госпоѓа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот