Фото: 24часа.мк / Инстаграм / скриншот

ВИДЕО | Жестока тепачка изби на денешниот протест во Скопје, има уапсени

На денешниот протестен собир, на кој студенти Албанци бараа право да полагаат правосуден испит на албански јазик, се случи тежок инцидент во строгиот центар на Скопје, кога групa млади луѓе, кои според информациите биле меѓу учесниците на протест, влегоа во жестока физичка пресметка.

Според она што се гледа од снимката што ја објавија повеќе медиуми, се чини дека едно момче е нападнато од група од пет-шест напаѓачи. Видеото содржи сцени на насилство и може да биде вознемирувачка за дел од публиката.

Телевизијата „Алсат“ објави друга снимка, на која се гледа како полицијата апси дел од учесниците во инцидентот. Засега нема официјално соопштение.

ФОТО+ВИДЕО | Протест на студенти Албанци, бараат да им се дозволи полагање правосуден испит на мајчиниот јазик

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот