ВИДЕО | Жена шета маж на поводник сред бел ден во Минхен

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

На социјалните мрежи се појави видео од жена како шета маж на поводник среде Минхен, што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Имено, на инстаграм профилот на „Munchner Gesindel“, кој објавува интересни снимки од главниот град на Германија, објавена е снимка од жена како шета маж на поводник во близина на ексклузивен дел од градот.

Имено, жената е снимена среде бел ден, а на видеото се гледа како мажот слепо ја слуша својата „газдарица“, што предизвика вистинска бура на Инстаграм.

„Дали ја означува својата територија и напаѓа минувачи?“, бил еден од коментарите, додека друг додал: „За овој вид на активност нема место во јавноста“.

Додека едни критикувале, други пишувале хумористични коментари, а има и такви кои се загрижиле за колената на мажот бидејќи не носел заштитници.

Останува нејасно дали се работи за фетишизам, или за некаков перформанс…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот