ВИДЕО | Жена се удави, крајбрежен стражар загина откако се удри по главата: поројни дождови и поплави ја парализираат Грција
Силни дождовни бури зафатија голем дел од Грција, при што загинаа двајца и беа нарушени наставата и сообраќајот, а денеска се придвижуваат кон островите во Егејското Море каде што се најавени силни ветришта, објави „Катимерини“.
Препорачано
Северните егејски острови се ставени во состојба на зголемена готовност, a метеорологот Димитрис Зиакопулос изјави дека главниот проблем денеска ќе бидат силните ветрови во Кикладите, источен Крит, Додеканезите и источните егејски острови.
— Очекуваме југоисточни ветрови кои ќе достигнат и до 10 степени на (скалата има 12 степени) по Бофор. Таквите ветрови не претставуваат закана само за бродовите или со уривање дрвја на копно, туку ќе создадат и бранови од невреме, односно ќе исфрлаат морска вода на копно — рече тој.
Catastrophic flooding in Greece today (#Kefalonia) as an intense tropical-like cyclone #Medicane #Ionas slams the island.
Reports of the entire Jerusalem beach eroding away – changed forever.pic.twitter.com/PovJY2kVgq
— Scott Duncan (@ScottDuncanWX) September 18, 2020
Бурите во средата попладне однесоа два човечки животи на копното. Во источниот Пелопонез, 53-годишен припадник на крајбрежната стража почина од тешка повреда на главата во пристаништето Паралио Астрос, откако бил соборен во вода додека се обидувал да ги обезбеди чамците од силниот ветер. Во јужното атинско предградие Глифада, една жена била однесена од надојдените поплавни води и се удавила.
Travel between Greece’s two largest cities is now impossible, both national rail and the country’s main highway sustaining major damage. In Libya, the same storm has drowned several thousand. #ClimateCrisis #ClimateActionNow #Daniel
pic.twitter.com/1sn4PIPqms— George Tsakraklides (@99blackbaloons) September 12, 2023
Властите мораа да затворат дел од главната улица „Вулиагменис“ во Глифада поради поплави, а три куќи, изградени покрај корито на поток во блиското предградие Агиос Димитриос, беа евакуирани.
Противпожарната служба доби десетици повици за помош поради поплави, најмногу во јужните и во западните делови на Атина, додека неколку дрвја беа соборени од ветровите во главниот град.
Две станици на електричната железничка линија беа затворени поради поплави, а во некои делови од градот имаше прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Црвен аларм во Грција: се затвораат училишта, најавени се силни дождови, ветришта и грмотевици
Наставата беше прекината како мерка на претпазливост во регионот на поширока Атина и во други делови од земјата, а државните службеници беа советувани да работат од дома.
Поголемиот дел од фериботските линии беа суспендирани, додека паднати дрвја го нарушија железничкиот сообраќај во северозападниот Пелопонез.
Невремето донесе и обилни снежни врнежи во многу делови на северна и централна Грција. Повеќе снег се очекува и денеска во планинските предели.
Во поголемиот дел од копното времето генерално ќе се подобри, со повремени врнежи и температури до 15 степени во Атина.


