Фото: Avaz TV / Принтскрин

ВИДЕО: Жена почина во Босна и Херцеговина откако огромно дрво ѝ падна врз главата

Огромно дрво бор, високо повеќе од 10 метри, падна утринава во сараевската населба Грбавица и усмрти жена во четириесеттите години од животот, објави „Слободна Босна“.

Несреќната жена се здобила со тешки повреди на главата и итно била пренесена на Клиниката за ургентна медицина (КУМ). Од Итната помош на Кантонот Сараево потврдија дека жената била жива при пристигнувањето на нивната екипа, која бргу дошла на местото на несреќата. За време на транспортот до КУМ и по приемот во болницата била продолжена реанимацијата, но, за жал, жената починала.

Според информациите од Итната помош, во изминатиот ден на подрачјето на Сараево биле евидентирани 24 домашни посети, додека бројот на пациенти во амбулантите бил значително поголем. Сепак, беше истакнато дека вкупниот број интервенции бил помал отколку во ноќта меѓу 1 и 2 јануари.

ВИДЕО | Снежната бура во Полска предизвика хаос во сообраќајот

Трагедијата се случила како последица на обилните снежни врнежи кои вчера зафатија поголем дел од Босна и Херцеговина и предизвикаа бројни проблеми. Најмногу потешкотии беа забележани во сообраќајот, каде што дојде до голем број сообраќајни несреќи, како и до прекини во јавниот превоз.

Граѓаните на Сараево се пожалија и на неисчистени и непроодни патишта и тротоари, тврдејќи дека комуналните служби не реагирале соодветно во текот на ноќта, иако снегот престанал да паѓа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот