ВИДЕО | Жена почина од срцев удар во Дизниленд откако се возела на ролеркостер во „Kуќата со духови“
Шеесетгодишна жена почина откако се возеше на ролеркостер во Дизниленд во Калифорнија, најпознатата атракција во тематскиот парк.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Несреќната 60-годишна жена штотуку ја напуштила „Куќата со духови“, која моментално работи со темата од филмот „Кошмарот пред Божиќ“.
Жената била пронајдена во несвест по возењето од други патници и персонал, кои веднаш повикале помош.
Всушност, според „Ентертејнмент Викли“, обезбедувањето на паркот се обидело да ја оживее со кардиопулмонална реанимација (КПР) сè додека не пристигнале спасувачите.
Жената била однесена во локалната болница каде за жал починала неколку часа подоцна.
Причините за смртта ќе ги разјасни Управата за судска медицина.
Смртта на посетителката доаѓа нешто помалку од еден месец откако еден човек почина додека се возеше на ролеркостерот „Stardust Racers“ во „Universal Epic Universe“, новиот тематски парк на „Universal“, кој се отвори во мај.
„Haunted Mansion“, едно од најомилените возења во парковите на Дизни, првпат се отвори во 1969 година во делот од паркот „New Orleans Square“, а започна со работа со својот привремен, сезонски празничен преклоп „Haunted Mansion Holiday“ во 2001 година.


