ВИДЕО | Жељко Самарџиќ: Му помогнав на внукот да замине во Америка, сега има блескава кариера

Фото: Промо

Жељко Самарџиќ секогаш со гордост раскажува за своето семејство, за сопруга Маја со која е речиси 50 години заедно, за трите ќерки и за внуците. Интересна приказна за внукот Лука, кој ќе наполни 19 години, српскиот поп-пејач раскажа кај Жаре во емисијата „Еден на Еден“.

Лука се презива Пецељ, а неговиот друг дедо бил познат фудбалер од „Вележ“ од Мостар, а фудбалери биле и татко му и чичко му.

– Тој израсна во силно момче. Пред десет месеци ми вели: Дедо, сакам да поразговараме. Види, ти си постојано на пат, можеби и не следиш, но јас помаку се заниавам со спорт, со кошарка. Имам желба четврта година да ја завршам во Америка. И ако имаш некоја врска, да влезам во некое училиште – му рекол внукот.

Самарџиќ му помогнал да замине во Америка, и тој завршил училиште во Атланта и живеел кај Афроамериканско семејство кои како што рече тој го обожаваат.

„Лука беше избран меѓу 24-те најдобри млади кошаркари во Џорџија и мислам дека има блескава кариера. Му се восхитувам колку беше храбар да замине сам во непознато. Јас не би смеел“, рече Самаџиќ кој на 13 април ќе одржи концерт во Скопје.

Целиот разговор со шарматниот пејач кој го сакаат сите генерации е на јутјуб каналот на „Еден на Еден“ на овој линк:

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот