ВИДЕО | Зеленски посети рането девојче во болница и дозна дека е ѕвезда на „Тикток“

Зеленски, Фото: Фејсбук-принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски посети рането 16-годишно девојче во болница во Киев во четвртокот и доби неочекувана вест: тој е ѕвезда на видео апликацијата „Тикток“.

Откако на Катја Власенко ѝ даде еден куп бели и розови цвеќиња додека лежеше во креветот, Зеленски рече: „Не е лесно, но ја правиме правилната работа“, пренесува „Reuters“.

Власенко, која беше ранета кога на автомобилот на нејзиното семејство му бил отворен оган додека бегале од руските сили, одговори:

„И сите ве поддржуваат на ТикТок“, предизвикувајќи насмевка од претседателот и членовите на неговата придружба.

„Значи, го окупиравме ТикТок?“ тој ја праша.

„Сите зборуваат за вас, сè е за вас“, одговори таа.

ВИДЕО | „Гладни сме“: Отворањето на првиот Мекдоналдс во Русија во 1990 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот