ВИДЕО | Заразната детска песничка „Бејби шарк“ стана најемитуваната песна на јутјуб во историјата
Во ноември 2020 година, Baby Shark стана најгледаното видео на популарната платформа за стриминг, а сега ја надмина магичната бројка од 10 милијарди прегледи. Детската песна, замислена од јужнокорејската образовна фирма Пинкфонг и изведена од корејско-американската пејачка Хоуп Сегоин, за првпат се појави во 2016 година и беше вирален хит во Азија.
Препорачано
Но, не само во Азија, песничката е веќе светски хит и мислам дека не постои родител што не ја слушнал и да не му е јасно за што станува збор.
Оттогаш концептот на „ајкули што пеат“ е претворен во ТВ-шоу на Никелодион, американската детска програма. Таа дури во еден момент стигна до Топ 40 на Билборд листата.
Најгледаното видео на Јутјуб покажува две деца кои демонстрираат танц на бебе од ајкула, додека анимирана ајкула и неговото семејство, вклучувајќи го и дедото, мирно пливаат и подоцна се обидуваат да ги фатат децата. Сепак, тие не успеваат и децата ја слават својата безбедност додека ајкулите гледаат од далеку.
Песната е заразна, певлива и повторлива, а јас како родител на мало дете можам да кажам дека апсолутно ги има зграпчено детското внимание и интерес. Само што родителите мораат да слушаат по цееееел ден бејби шарк ду ду ду ду…


