ВИДЕО | Заев: Сега има работа, не може пак оставки да даваме оти Мицкоски така мисли во целата таа хистерија

На прашањето за можна оставка која пак упорно преку протести ја бара од премиерот опозициската ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Зоран Заев нагласи дека е растеретен од својата политичка функција и политичка кариера.

-Сум добил чест во два мандати да ја водам државата во два мандати. За мене е тоа голема одговорност и чест. Како и да ги правите паралелите со сите други земји, ние сме успешни, одиме напред, резултатите се видливи. Се што се работи дава огромни резултати и чекориме со квантни скокови напред. Не гледам причина да си дадам оставка. Сега има работа, не може пак оставки да даваме оти Мицкоски така мисли во целата таа хистерија. Правото на интерпелација го има. Јас сум тука, ќе ги отвориме картите. Очекувам и зголемување на парламентарното мнозинство. Зoшто? Заради посветеноста и проектите. Ова „хистеришење“ низ државата и неодговорно однесување ги помага политиката на СДСМ во делот на нашата поддршка, а од друга страна одмага оти со слаба опозиција власта знае да не биде фокусирана, што не е добро. Овие денови ќе излезе анкета предноста е од 4 до 5 проценти, вели премиерот Зоран Заев во гостувањето на „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

ВИДЕО | Заев: Губитник е Бугарија и Северна Македонија, но најголем е Европската унија – се посипа со пепел

ВИДЕО | Заев: Минатото на мојот идентитет е мое право на самоопределување – не ја чепкајте жицата македонска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот