ВИДЕО | Водата од чешма – кафена, а мајката од Тексас што го пријави тоа зад решетки
Мајка од Тексас ги тужи полицајците кои ја уапсиле откако на социјалните мрежи предупредила како валканата вода за пиење во нејзиниот град ги „хоспитализира“ граѓаните, објави „Њујорк пост“.
Препорачано
Џенифер Комбс, од Тринидад, беше притворена месецов како наводна политичка одмазда за објава за „сериозната“ загриженост за јавното здравје на Фејсбук – можно кршење на слободата на говорот, според FOX 4.
Веројатно тоа беше едно од најпонижувачките нешта низ кои сум поминала во целиот мој живот. Беше многу, многу лошо, изјави таа за медиумот.
Комбс го нарече нејзиното апсење на 8 мај за кривично дело „лажна тревога или пријавување“ екстремно претерување затоа што дури и градоначалникот на градот, Денис Хос, признал дека жителите се соочуваат од проблеми, односно дека водата од чешма е кафеава.
-Има луѓе кои велат дека нивните апарати се расипуваат, не можат да готват со водата, не можат да се капат со неа, не можат да ја перат облеката. Многумина од нив се чувствуваат замолчени и како да немаат глас и никој не ги слуша и никој не ги сфаќа сериозно, рече Комбс.
Комбс објави порака на Фејсбук на нејзината страница на групата за граѓански надзорници, Southern Belle Watch, на 6 април – молејќи ги оние на кои им се слошило од водата од чешма во градот, да пријават.
-Добивме извештаи дека некои граѓани се хоспитализирани поради бактерии во водата. Ова е сериозен проблем за јавното здравје што заслужува итно внимание, напиша таа.
Доколку вашата вода е кафеава, содржи талог, има силен мирис или сте имале поврзани здравствени проблеми, ве молиме испратете ни порака. Собираме информации и ги пријавуваме наодите до државата, било барањето во пораката.
Но, полицијата објави дека не добила пријава дека некој е хоспитализиран поради квалитетот на водата.
По објавата, Комбс беше уапсена, а шефот на полицијата на Тринидад, Чарлс Грегори, подоцна изјави дека нејзините тврдења за хоспитализации „се едноставно лажни и само предизвикале непотребен страв и конфузија во нашата заедница“.
Полицијата на Тринидад тврди дека Комбс напишала „лажни информации што создаваат страв, паника или непотребен итен одговор во заедницата“.
Сепак, градот објави свое известување до жителите, повикувајќи ги да ја превријат водата за да „избегнат штетни бактерии“ на 21 април – неколку недели по објавата на Комбс.
Тринидад се бори со долгогодишен проблем со водоводната инфраструктура со цевки кои датираат од 1950-тите, според градоначалникот.
-Мора да дојдеме до позиција каде што можеме да ја поправиме таа инфраструктура, а тоа е многу скапо, како што сум сигурен дека можете да замислите, рече Хос во вторникот.
Комбс оттогаш поднесе федерална тужба против градот, во која се вклучени Грегори и уште еден член на полициската управа на Тринидад.


