ВИДЕО: Во Скопје поставена канта за отпадоци што зборува – опоменува и се заблагодарува

Канта што зборува/Фото: Центар за современи уметности

Градот е покриен со ѓубре, Скопје и Македонија се прекриени со отпадоци. Поаѓајќи од овој факт решивме да креираме интерактивна канта за смет која зборува со минувачите и ги опоменува да не фрлаат ѓубре наоколу, објави Центарот за современи уметности за нивната нова поставка.

-Се надеваме дека опоменувајќи ги граѓаните но и надлежните на ваков креативен и по малку хумористичен начин ќе успееме барем малку да влијаеме на подигнувањето на свеста за комуналната хигиена и да придонесеме кон почист град, нагласуваат од Центарот за современи уметности.

Кантата е направена од рециклирани материјали (стара цевка за канализација) и во неа е сместена електроника со сензори кои го детектираат движењето и опоменуваат да не се фрла ѓубре наоколу, a кога некој ќе фрли ѓубре кантата се заблагодарува и ја раскажува својата приказна за ѓубрето во градот. Во својата беседа кантата нуди можност на граѓаните да поразговараат со неа и да ги слушнат причините зошто е валкан градот но и да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат мнозинство канти за ѓубре.

Во наредниот период кантата ќе биде поставена (пред дизајн студиото на Кинг оф принт во близина на кафе Круг и кај Мобилната монтажна галерија во франкофонскиот парк) во центарот на Скопје, а од наредната недела граѓаните ќе можат да се сретнат и да поразговараат со кантата на различни локации.

Кантата е дело на групата Урбани уметнички акции која делува во склоп на Центарот за современи уметности.

Видеото со детали како работи кантата можете да го погледнете тука:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот