Фото: Screenshot

ВИДЕО | Во Молдавија падна комичен гол каков што ретко се гледа

Натпреварот од втората лига во Молдавија меѓу Реал Сирети и Огузспор привлече внимание поради необичен и комичен погодок на гостинската екипа.

Домашниот тим славеше убедлива победа од 5:2, а од сите седум погодоци најмногу внимание привлече вториот на гостите.

Стрелецот Никита Чедирен упати удар кон голот кој беше далеку од прецизен и изгледаше дека нема никаква опасност. Сепак, топката најпрво го погоди противничкиот фудбалер кој лежеше на теренот и се жалеше на повреда, по што од него се одби и заврши во мрежата.

Во меѓувреме, голманот веќе тргна да му укаже помош на повредениот соиграч, па остана без можност да реагира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот