Screenshot/X

ВИДЕО | Во Канада за првпат на дело беше искористено правилото на Венгер за офсајд

Фудбалот би можел да претри голема промена, откако повторно се актуелизира идејата за ново правило за офсајд, предложено од Арсен Венгер. Причината се долгогодишните контроверзии околу минималните офсајди, често мерени во милиметри.

На еден натпревар во Канада за првпат во професионални услови беа тестирани две новини, таканареченото „правило на Венгер“ за офсајд и поедноставен систем за видео-проверка, познат како ФВС (Фудбал Видео Сапорт).

Најголемо внимание привлече една ситуација која јасно ја отсликува разликата меѓу старото и новото правило. Напаѓач на тимот од Отава ја прими топката иако дел од неговото тело беше пред последниот дефанзивец, по што беше соборен во шеснаесетникот, а судијата досуди пенал.

Според досегашните правила, акцијата ќе беше прекината поради офсајд и воопшто немаше да се разгледува евентуалниот прекршок. Токму ваквите ситуации се аргумент плус за можни измени во правилата на играта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот