Фото: „Икс“ / скриншот

ВИДЕО: Владејачката СНС најавува контрамитинзи низ цела Србија

Според објави на социјалните мрежи, контрамитинзи на Српската напредна партија (СНС) се закажани за среда, 20 август, во неколку градови во Србија.

Членови на СНС, вклучувајќи го и лидерот на партијата и поранешен српски премиер, Милош Вучевиќ, споделуваат видео на социјалните мрежи со пораката „Србија ќе победи“. Некои од локациите се Лесковац, Лозница и Пожаревац, пренесува Инсајдер.

„Лут сум“, „Ми го одзедоа нормалниот живот“, „Ми ја напаѓаат куќата“, „Сакам да учам“ – ова се само дел од пораките што може да се слушнат во видеото што го споделија членовите на Српската напредна партија од синоќа. Иако ова не е прв пат од почетокот на протестите властите да организираат контрапротести, овие најави доаѓаат во денови кога Србија сведочи на насилство и инциденти на улиците.

Видеата се објавени и по обраќањето на претседателот Александар Вучиќ во недела, 17 август, кога рече да се почека „три или четири дена, а потоа ќе следи силна реакција“.

Во последните денови имаше повеќе насилни инциденти на улиците низ Србија отколку во изминатите девет месеци протести. Снимките од полициска бруталност и изјавите на студентите за закани од полицајци предизвикаа нови протести, ноќ по ноќ, низ целата земја.

Претседателот Александар Вучиќ реагише на ваквите сцени објавувајќи дека државата формално и правно подготвува мерки за смирување на ситуацијата во земјата, без да прецизира што точно мисли.

Тој на прес-конференција рече дека во следните три или четири дена ќе изгледа дека државата се повлекла и дека во одреден момент ќе се види целосната решителност на државата и дека ќе искористи сè за да воспостави ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот