ВИДЕО | Вишка: Министерке, вработените во театарот одат на нужда во џамија

Актерот Висар Вишка, кој беше назначен за в. д. директор на Гостиварскиот театар во 2019 година, е разрешен од функцијата и на својот Фејсбук профил објави видео во кое ја прикажува лошата состојба во којашто се наоѓа самиот театар.

Вишка во видеото ѝ се обраќа на министерката за култура и ѝ објаснува дека, освен тоа што неговата канцеларија е во хаос бидејќи немаат каде да ги чуваат костимите на актерите, театарот располага и со многу малку финансиски средства.

Тој вели дека во театарот немаат ни вода, ни тоалет, па актерите физиолошките потреби ги извршуваат во блиската џамија.

Исто така, Вишка се пожали дека театарот во Гостивар нема ни греење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот