Викторија Јаначковиќ / Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | Викторија Јаначковиќ: Имаше влечење, полицаец беше безобразен со мене кога бев бремена

Познатата манекенка и стоматолог Викторија Јаначковиќ откри дека имала непријатно искуство со сообраќајна полиција кога била бремена. Во гостувањето во емисијата „Нешто конкретно“, таа сподели неубав спомен за сообраќајната полиција.

Иако настанот се случил пред три години, таа се уште со емоции се присетува на, како што вели, „безобразното“ однесување на службеното лице.
Јаначковиќ раскажа дека во тој период била во поодмината бременост. Инцидентот се случил кога таа застанала со своето возило на кратко, со цел да го остави своето куче кај нејзината мајка, која живеела на само триесетина метри од местото.

„Бев бремена и возев кученце до кај мајка ми. Беше многу безобразен… Имаше и влечење, не знам како да ви кажам,“ открива Викторија во разговорот.

Таа објаснува дека полицаецот не покажал разбирање за нејзината состојба, ниту за фактот дека само сакала да го предаде миленичето пред да се паркира. На неговата наредба веднаш да се врати во возилото, таа му укажала на присуството на камерите, но ситуацијата сепак ескалирала до физичко повлекување.

И покрај непријатноста, Викторија рече дека нема проблем со почитувањето на правилата, туку со селективната правда.

„Се сеќавам бев бремена, баш пред крај, и го возев моето куче до кај мајка ми. Ме сопреа, беше многу безобразен. Имаше влечење, луѓе, не знам како да ви кажам. Му викам: ‘Се снима’, а тој ми вели: ‘Врати се во возилото’. Само што тргнав со возилото, сакав кучето да го оставам на мајка ми која е на 30 метри оттука за да прошета, а јас да застанам со колата да се паркирам. И тој: ‘Не може ни 30 метри’, па ‘Е сега ќе видиш’, ‘Ти ќе видиш’… Ми направи буквално така со рака: ‘Врати се во возилото’. Сè што е по закон, ако навистина така не смеело, во ред е. Ама она што ми пречи е, некому мајка, некому маќеа. Ако ме казни мене, нека го казни и оној со Јагуар“, рече Јаначковиќ.

Никита, ќерката на Викторија е родена на 26 јануари во 2023 година, а Викторија вели дека само најблиските знаеле за нејзината бременост. Јаначковиќ, која е по професија стоматолог, одлучила самата да се грижи за ќерката, за неа бракот не е никаква гаранција за љубов. Зад себе има еден брак во времето кога живееше во Англија, а за таткото на Никита вели дека не е од овие простори.

„Многу луѓе ме прашаа ‘а кога се омажи по вторпат’. Мене ми е тоа смешно, затоа што хартија од тој вид не ми е доказ дека некој би бил одличен татко. Знам многу примери каде што таткото е на хартија и, за жал, само на хартија. Не се омажив, и не планирам и тој вид на припаѓање ми е надминат. Таткото на Никита, за среќа, не е од овие простори и среќна сум поради тоа“, изјави Јаначковиќ претходно за „Слободен печат“.

МАМАВИЗИЈА ЕП05 | Јаначковиќ: Одбрав донор за сперма од Данска, тие се најздрава нација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот