Горник Забже/Górnik Zabrze S.A.

ВИДЕО | Ветеранот Подолски го исполни дадениот збор – освои трофеј со клубот од родниот крај

Горник Забже го освои Купот на Полска, откако во финалето славеше со 2-0 против Раков Ченстохова. Во центарот на вниманието беше ветеранот Лукас Подолски, кој со овој трофеј најави дека се ближи крајот на неговата богата кариера.

Иако е роден во Гљивице и има полско потекло, Подолски се одлучи да настапува за германската репрезентација, со која стана светски шампион во 2014 година. Во татковината се врати во 2021 година, кога од Анталијаспор пристигна во Забже и го облече дресот на клубот каде што е и ко-сопственик.

Кога пристигна, искусниот напаѓач најави дека во рок од пет години ќе донесе трофеј, а тоа го реализираше уште во третата сезона, која воедно најверојатно ќе биде и негова последна како активен фудбалер.

„Кога дојдов, кажав дека за три до пет години ќе освоиме нешто. Да се случи тоа во мојата последна сезона е навистина неверојатно. Купот е наш!“, изјави емотивниот Подолски по натпреварот.

За Гурник ова е прв трофеј по долга пауза, последен пат шампион на Полска беше во 1988 година, додека Купот го немаше освоено од 1972. Клубот има вкупно 14 шампионски титули, а ова е седми трофеј во националниот куп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот