ВИДЕО | Вест хем го остави Тотенхем во зоната за испаѓање
Фудбалерите на Вест хем остварија убедлива победа од 4:0 над Вулверхемптон вондерерс во 32 коло од Премиер лигата и направи огромен чекор кон опстанок во елитата.
Препорачано
Херои на натпреварот беа Константинос Мавропанос и Тати Кастеланос, кои постигнаа по два гола и ги предводеа „Чеканите“ до триумф.
Домашниот тим влезе во натпреварот со императив за победа, бидејќи беше во зоната за испаѓање, но почетокот им припадна на гостите. Сепак, како што времето минуваше, Вест хем ја презеде иницијативата. Кон крајот на првото полувреме, домашните поведоа. Џерод Бовен направи одличен центаршут, а Мавропанос со глава ја погоди мрежата за резултат од 1-0.
Почетокот на второто полувреме донесе возбуда на двете страни, вклучувајќи и неколку удари кон голот, но Вест хем беше поконкретен кога беше најпотребно. Во 66-тата минута, Кастељанос ја искористи добрата соработка со соиграчот Пабло за да го постигне вториот гол за домашната екипа.
Само две минути подоцна, Аргентинецот повторно беше во центарот на вниманието. На асистенција на Бовен, тој го постигна својот втор гол за 3:0. До крајот на натпреварот, Вест Хем ја имаше целосната контрола врз играта, а конечните 4:0 ги постави Мавропанос со атрактивен волеј по корнер.
Тимот на Роб Едвардс продолжува со лоши резултати на гостински терен и сега е на работ на испаѓање во Чемпионшип, што би можело да се потврди уште следниот викенд.


