ВИДЕО | Весна Петрушевска со емотивна честитка за 20. роденден на ќерка ѝ: „Да те немаше, пак ќе те пронајдев и ќе беше моја!“
Македонската актерка Весна Петрушевска напиша емотивна роденденска честитка за ќерка ѝ Мина, која денеска (11 ноември) го прославува својот 20. роденден.
Препорачано
Инаку, Мина денес живее и работи во Дубаи и ова ѝ прв роденден којшто го слави далеку од дома. Покрај емотивната порака, Петрушевска сподели компилациско видео со најубавите семејни фотографии од последните две децении.
„Мина имаше 9 месеци и 3,5 килограми. Буквално кукла на батерии, да ти е страв да ја гушнеш оти беше порцеланска кукла.
Поминавме заедно како за три животи, јас и таа.
Но, таа нејзина насмевка ги освојува сите. Кога летово си замина за Дубаи со Мони (третото дете) ми кажа:
’Конечно ќе се ослободам од сите што ме гледаа под око и што не ме разбираа. Само ти ќе ми фалиш од Македонија и баба… Тато ќе го видам скоро‘.
Денес полни 20 години, живее во Дубаи со Моника, оди на работа каде сите ја сакаат оти таа освојува на прва топка.
Ова е првиот роденден каде не сме заедно.
Ние родителите треба да сме лакот, а децата стрелата. Љубовта е несебична и многу повозвишенa од што можеме да претпоставиме.
Мина, Минка, Миниминима среќна 20-ка ќерка. Да те немаше пак ќе те пронајдев и пак ќе беше моја ќерка! Убаво да си поминете со Мони и колегите! Ова е твој ден и наздрави за сите нас!“, напиша Петрушевска.


