ВИДЕО | Вештачката интелигенција одржа проповед во преполна црква: Ги замоли верниците да станат и да го слават Господ

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/АП

Четбот со вештачка интелигенција (АИ) ги замоли верниците во преполната црква „Свети Павле“ во германскиот град Фирт да станат од своите клупи и да го слават Господ.

ЧетГПТ, отелотворен во аватарот на брадест црнец на огромен екран над олтарот, потоа почнал да проповеда пред повеќе од 300 луѓе во експериментална служба во лутеранската црква која речиси во целост ја генерирала вештачката интелигенција.

„Драги пријатели, чест ми е што стојам тука и ви проповедам како прва вештачка интелигенција на овогодинешната протестантска конвенција во Германија“, рекол аватарот со безизразно лице и монотон глас.

Таа 40-минутна слижба, вклучувајќи проповед, молитви и музика, ја креирале ЧетГПС и Јонас Зимерлајн, теолог и филозоф од факултетот во Виена.

Црковната служба на вештачката интелигенција беше еден од стотиците настани на конгресот на протестанти во баварските градови Нирнберг и соседниот Фирт, и предизвика толку голем интерес што луѓето еден час пред да почне, формирале долг ред пред неоготската зграда од 19 век.

Самата конвенција „Конгрес на германската евангелистичка црква“ (Deutscher Evangelischer Kirchentag), се одржува секоја втора година на различна локација во Германија и привлекува десетици илјади верници да се молат, да пеат и да разговараат за нивната вера.

Тие зборуваат и за актуелните светски настани и бараат решенија за клучните прашања кои оваа година го вклучуваат глобалното затоплување, војната во Украина и – вештачката интелигенција.

Верниците во црквата внимателно слушале додека вештачката интелигенција проповедала за оставањето на минатото зад себе, фокусирајќи се на предизвиците на сегашноста, надминувајќи го стравот од смртта и никогаш не губејќи ја вербата во Исус Христос.

Целата служба ја „воделе“ четири различни аватари на екранотдве млади жени и две момчиња.

Во некои моменти аватарот генериран од вештачката интелигенција предизвикал и смеа, а некои воодушевено ја снимале масата со своите мобилни телефони, додека други гледале покритички, пренесува АП.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот