Фото: Инстаграм / скриншот

ВИДЕО: Вандали запалија детско игралиште во Србија

Во српскиот град Пожега вечерва се случил инцидент во кој се запалило детско игралиште лоцирано во близина на црква, на кое целосно изгорел еден од поставените реквизити, јавуваат српските медиуми.

Според првичните сомневања, игралиштето е намерно запалено од страна на вандали.

– Вандализам во Пожега. Запалија детско игралиште во близина на црквата – пишува во објавата на инстаграм-страницата „mediaportaltv“, каде е објавена и снимка од игралиштето, на која се гледа пеплосаниот реквизит.

Засега нема информации за тоа дали некој е повреден во пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот