ВИДЕО: Вака изгледа аеродромот во Кабул по заминувањето на САД

Аеродромот во Кабул по заминувањето на САД/ Фото EPA-EFE/STRINGER

Неколку часа откако последниот американски авион го напушти Кабул, талибанците и официјално ја презедоа контролата на Меѓународниот аеродром во главниот град на Авганистан, пренесува АП.

Аеродромот кој со денови им служеше на странските земји за евакуација на бегалците, падна во рацете на талибанците, 17 откако тие влегоа во Кабул. Сега тие имаат целосна контрола на градот.

Талибанските лидери симболично утрово се прошетале на пистата на аеродромот, прогласувајќи голема победа.

„Се надевам дека светот ја научи својата лекција и ова е победата во која уживаме“ рече потпаролот на талибанците Забихула Муџахид.

Талибанците пристигнале со неколку возила на единствената писта на аеродромот Хамид Карзаи.

Синоќа тие во главниот град ја прославија победата над САД, палејќи огномети во центарот на градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот