ВИДЕО | Ужас во Јоханесбург: Најмалку 58 мртви во пожар во зграда

Пожар во Јоханесбург / Фото: Michele Spatari / AFP / Profimedia

Најмалку 58 лица загинаа во пожар во зграда што избувна утринава во Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, потврдија службите за итни случаи. Меѓу загинатите има и бебе.

Повредени се уште 40 лица.

Пожарот избувна рано утринава по локално време.

Властите во Јоханесбург велат дека се уште не е јасно што го предизвикало пожарот во петкатната зграда во центарот на градот. Портпаролот на службата за итни случаи Роберт Мулауџи изјави за Би-Би-Си дека пожарникарите успеале да извлечат неколку луѓе од зградата.

Тој рече дека пожарот ја уништил зградата и дека потрагата по други жртви продолжува.

Видеото објавено од Мулауџи покажува противпожарни возила и амбулантно возило надвор од зградата каде што изгореле прозорците.

Бројот на загинати се зголеми од неколку десетици како што се вели во првите информации на повеќе од 50 и може да се зголеми уште повеќе.

Портпаролот Роберт Мулауџи претходно изјави дека операциите за пребарување и спасување на затрупаните во урнатините се во тек и дека бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми.

Властите соопштија дека пожарот главно бил изгаснат, но од прозорците на опожарената зграда во центарот на Јоханесбург сè уште излегува чад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот